Единаесетгодишната Кристина Митревска боледува од ретка болест, која го нарушува ендокринолошкиот систем и е еднинствен ваков случај во Македонија, а можно е и во светот.
Институтот за медицина од Вашингтон, САД, прифати да ги покрие трошоците од 65.000 долари за испитување, поставување дијагноза и одобрување соодветно лечење за Кристина.
За оваа цел, потребни и се 500.000 денари, средства за патување и престој со нејзината мајка во болницата во Вашингтон.
Од Фондацијата „Допир“ апелираат за помош со мала донација да спасиме еден детски живот!