Антикорупциска од денеска само со двајца членови

249

Собранието попладнево ја донесе одлуката за разрешување на пет членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, кои мпретходно поднесоа оставки.

Претседателот на Антикорупициската комисија Игор Тантуровски и дел од членовите на Комисијата поднесоа оставки откако во извештајот од внатрешната ревизија беа наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.  Оставки немаат поднесено уште двајца членови на Комисијата.

Покрај ова, на денешната седница беа разрешени и претседателот и членовите на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Од фукцијата претседател разрешен е Александар Софронијовски, а разрешени се и членовите на Комисијата.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски посочи дека согласно извештајот за работата на Комисијата може да се увиди дека таа не е ефикасна и ефективна и оти навремено не ги разрешува предметите.

– Државната комисија за спречување на корупција во изминативе години беше Комисија за одбрана на корупцијата – оцени пратеникот Артан Груби при денешното констатирање на оставките.

Пратениците од собраниската комисија очекуваат и Сузана Тоскова Аџикотарева и Најдо Спасевски да си поднесат оставки. Не се знае кога Антикорупциската комисија ќе добие нов претседател и нови членови, но пратениците очекуваат тоа да се случи што поскоро.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...