Анкета: Името ги „запали“ Грците во спалните соби

101

Спорот со името во текот на последните неколку месеци го разгорел сексуалното расположение на Грците, бидејќи тие двојно повеќе воделе љубов во споредба со претходно, покажуваат резултатите од истражувањето на грчкиот Андролошки институт, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, откако разговорите за името во изминатиот период станаа тема број 1 во Грција, според истражувањето тоа влијаело и на сексуалниот живот на Грците, а според претседателот на институтот, агонијата и стресот од преговорите и патриотизмот тие ги намалувале со повеќе секс од претходно.

Според резултатите, што ги пренесува АНА-МПА, политичката страст има директно влијание врз страста во сексуалниот живот, „бидејќи двојно се зголемиле еротските контакти, а сексот во многу случаи бил подив од друг пат“.

– Како што објаснува хирургот – уролог, соработник во Андролошкиот институт, Христос Флиатурас, во постарите истражувања, резултатите покажаувале просек на сексусални контакти од шест пати месечно. Наспроти тоа, во овие „жешки месеци“ сексуалното расположение двојно се зголемило – на 12 пати месечно, што е јасна разлика и нема сомневање за статистичка грешка, пишува грчката новинска агенција, и додава дека резултатите ги изненадиле и самите доктори од институтот.

Истражувањето било спроведено преку телефонски интервјуа, онлајн прашалници и интервјуа во живо, а учествувале 1.000 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...