Анима Мунди апелира Медо безбедно да се врати во дивината ГАЛЕРИЈА

1031

Анима Мунди апелира да му се помогне на мечето Медо кое се наоѓа близу браната Козјак, безбедно да и се врати на дивината.

Здружението за заштита на животните вели дека пред неколку дена, добиле телефонски повик во кој граѓани побарале дозвола да чуваат мало мече во урбана средина.

„Лицата ни објаснија дека го пронашле мечето кога било премногу малечко за да преживее само и го земале со цел да помогнат. Ваквите обиди за помош во иднина целосно ги обесхрабруваме, затоа што дивината во младенчето и неговиот инстинкт за да преживее е уништен.Нашиот обид за да помогнеме беше залуден затоа што уште наредниот ден ни кажаа дека младенчето е однесено назад во дивина. Не сакаа да ни откријат точна локација. Затоа ги исконтактиравме Ловниот инспекторат како и АХВ кои ни излегуваат целосно во пресрет и ни даваат целосна поддршка за да заеднички изнајдеме решение како младенчето повторно да се врати во дивина – се надеваме во скоро време дека ќе може и да го обележиме со цел да се контролира неговото движење“, вели Анима Мунди.

Вчера на ФБ беше споделена информација и фотографии по кои се лоцираше младенчето, кое, во потрага по храна се спуштило во електраната Козјак.
Така, велат, активистите, дознавалe каде се наоѓа.

„Земајќи го во предвид искуството на Хрватска и мечките кои живеат во близина на луѓето, одговорно тврдиме дека е возможно ова младенче да се ресоцијализира/адаптира и да живее нормален живот во дивина“, велат од здружението и со цел да се задржи на нашата територија и да се врати во дивината и инстинктот во Медо, Анима Мунди, упатува апел:

1. Избегнувате секаков директен допир со младенчето!

– Не се обидувајте да го погалите, не го викајте кај себе, не правете селфи!
Правете гласни звуци за да го исплашите и избркате што подалеку од вас!
Доколку имате пиротехнички материјали, употребете ги за дополнително да го исплашите. Колку и да звучи сурово, мора да научи дека луѓето не секогаш се фини и дружељубиви и му мислат добро.

На тој начин го заштитуваме него, а се заштитуваме и самите себе. Малиот медо за само неколку месеци ќе биде возрасна и силна мечка (100-150 кг), на која сигурно не сакате да наидете додека се рекреирате.

2. Не го хранете од рака!

– Под ова не подразбираме воопшто да не се обезбедува храна за младенчетонапротив. Премногу е мало за да знае само како да дојде до храна, а ги прескокнало основните лекции во животот од мајка си- како да ја најде.
Затоа можеме сите да го научиме како да дојде до храна, само со наша мала дисциплина.
За ова ни сте потребни сите планинари, бајкери, алпинисти и рекреативци.
Секоја храна што ја имате и ви е наменета за него- закопајте ја подалеку од места каде што се движат луѓе, а сепак блиску за да ја најде, во длабочина од 5-10 сантими. Имаат неверојатно сетило за мирис!
Мечките се хранат и со одредени корења од растенија, на тој начин го учите да ја откопува храната.
Можете да ја сокриете во грмушка. Најдобра опција за грмушка ви е некое
растение кое дава плодови на пример малина, капина…

Да ја поткачите на некое пониско дрво на кое ќе може да се искачи (дрво кое што дава плодови, уште подобро,
на тој начин ќе научи дека може да ја пронајде и на дрва). И најбитно од се- не ја оставајте храната во пластични кеси!

Исхраната и се состои 95% од растителна храна, а останатите 5% од ларви, инсекти, лешеви од други животни. Ретко лови и напаѓа.

Според литературните податоци, на територија на Р. Македонија останати се околу 160-200 мечки. Бројот е премногу мал и да не дозволиме
да изгубиме една драгоцена и прекрасна единка!“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...