Анѓушев: Во РЕК ќе седнат професионалци

Иако претседателот на Комисијата го предлага Владата, важно е кој човек ќе биде предложен. Ќе има конкурс на кој ќе се јават професионалци. Се надевам дека ќе се јават квалитетни луѓе, рече Анѓушев.

738

Во Регулаторна комисија за енергетика ќе седнат професионалци кои ја познаваат состојбата во енергетиката и нема да бидат политички кадри, изјави денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев на заедничката прес конференција со министерот за економија Крешник Бектеши на која информираа за новиот Закон за енегретика.

Претседателот и два члена на Регулаторната комисија за енергетика, како што информира на прес-конференцијата Анѓушев, ќе бидат сменети во рок од 90 дена од стапување во сила на Законот.

– Иако претседателот на Комисијата го предлага Владата, важно е кој човек ќе биде предложен. Ќе има конкурс на кој ќе се јават професионалци. Се надевам дека ќе се јават квалитетни луѓе – рече Анѓушев.

Тој појасни дека според европските критериуми членовите на Комисијата треба да ротираат.

Анѓушев прокоментира и дека моментално претседателот на РЕК не е воопшто независен и е член на политичка партија.

– Дали сега претседателот на РЕК е независен. Не тој е зависен од опозицијата и е припадник на политичка партија – прокоментира Анѓушев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...