Анѓушев: Осум инвестиции во ТИРЗ за два месеца

153

Треба да знаеме дека сето тоа е направено со 0 денари трошок за промоција и меркетинг, нагласи вицепремиерот Кошо Анѓушев.

За два месеца осум нови компании влегоа во фаза на реализација на своите проекти во Технолошко индустриските равојни зони. Вкупно планираните инвестиции се околу 73.5 милиони евра и планирано е отворање на над 1500 нови работни места во наредните години.

Договори се потпишани со компаниите „Мурат виринг системс“ за инвестиција од 4,5 милиони евра со 300 вработени, „Џемдаш лајтинг Еуропа“ кој ќе инвестира четири милиони евра и ќе вработи 200 лица, „Кеслер“ два милиони евра со 80 лица, „Доган отомотив“ ќе вложи еден милион евра во кпацитет во кој ќе работат 30 лица, „Саген“ со инвестиција од 20 милиони евра и 250 вработувања, „Чагатај кабло“ шест милиони и 300 вработени, „ВИК“ исто така шест милиони евра со 60 вработени и „Костал“ кој ќе ги прошири своите капацитет со инвестиција од 30 милиони евра во која ќе вработи нови 350 лица.

Оваа информација ја соопшти вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешна прес-конференција.

– Треба да знаеме дека сето тоа е направено со 0 денари трошок за промоција и меркетинг. За споредба во претходните 7 години привлечени се 23 инвестиции за кои беа потрошени 225 милиони евра – рече Анѓушев.

Шест од странските компании кои се веќе присутни во земјава, рече Анѓушев, најавија удвојување на своите капацитети по препознавањето на можностите што ги нуди Програмата за економски раст.

– За шест месеци ќе има 30 нови договори со странски инвестироти – додаде Анѓушев.

Во овој период, како што рече Анѓушев, има голема заинтересираност и кај домашните компании за инвестирање.

Проблем кој го наследила владата во ТИРЗ е тоа што ниту една од овие зони не е завршена со соодветна инфраструктура или ако ја има не е во функција. Владата во Буџетот предвидела средства за нејзино финиширање.

– Во многу од зоните пристапната и комуналната инфраструктура не е целосно изградена, и за оваа намена издвоени се над 400 милиони денари оваа година. Мора да излеземе од виртуелниот свет, да ги презентираме работите такви какви што се и да преземаме чекори за надминување на проблемите – појасни вицепремирот.

Анѓушев рече дека Владата нема да дозволи ниту една компанија која раобти во земјава да не плаќа социјални придонесе за вработените како што тоа било практика при договарањњето со три од 23 странски инвеститори донесени од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за економија Бектеши го образложи нацрт текстот на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и појасни кои ефекти се очекуваат со примената на овој закон кој е во надлежност на министерството.

– Со создавање на законска рамка за реализација на мерките од Планот за економски раст, кој ги дефинира главните политички приоритети за претстојниот период, се очекува: зголемување на приватните инвестиции и на вработеноста, подобрување на ефикасноста, на продуктивноста и на конкурентноста на приватниот сектор, повисоко ниво на извозот и унапредување на регионалната економска соработка, а со тоа се влијае и на подобрување на благосостојбата на граѓаните -рече Бектеши.

Според него,со успешна имплементација на Законот, ќе се овозможи поттик за растот и развојот на приватниот сектор, под транспарентни и предвидливи услови.

Симулациите што ги правеле кога ја носеле Програмата покажале дека за годинава се доволни 50 милиони евра што се издвоени од Буџетот за 2018 за поддршка на компаниите согласно Планот за економски раст, а доколку има потреба, како што нагласи, ќе биде направен и ребаланс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...