Анѓушев контра Тевдовски: Прагот за оданочување на лични приходи треба да биде повисок од 1.000 евра

-Лично мислам дека прагот треба да биде повисок, изјави Анѓушев по најавата на  министерот за финансии, Драган Тевдовски, дека предлогот е со даночна стапка од 18 отсто да се оданочуваат приходи над 1000 евра.

1800

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, за време на денешната панел дебата „ Македонската економија помеѓу визија и дилема: Предизвици на економските политики“ во организација на Институтот Finance think искажа поразлично мислење од од официјалниот став на Министерството за финансии, во врска со прагот на оданочување на приходите на граѓаните.

-Лично мислам дека прагот треба да биде повисок – изјави Анѓушев по најавата на  министерот за финансии, Драган Тевдовски, дека предлогот е со даночна стапка од 18 отсто да се оданочуваат приходи над 1000 евра.

Анѓушев рече дека мора да се направат длабински анализи зашто, ако прениско се спушти прагот над кој би се променила даночната стапка, може да биде дестимулативно.

-Имаме различни ставови со министерот и тоа е нормално за една Влада – посочи тој.

Тевдовски на тоа додаде дека има одлична соработка со вицепремиерот, кој, рече поради своето знаење и искуство е огромна додадена вредност во Владата.

-Најлошо е сите исто да мислиме – рече Тевдовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...