Ана и Бастијан во пентхаус од 30.000 евра месечна кирија

Ивановиќ и Швајнтшајгер ќе уживаат во пентхаус од 230 квадратни метри во Чикаго, кој се наоѓа во хотелот „Валдорф Асторија“.

852

Ана Ивановиќ, Бастијан Швајнштајгер со бебето Лука ќе живеат во раскошен пентхаус со поглед на езеро. Србинката и Германецот за изнајмување на станот плаќаат по 30.000 евра месечно.

Ивановиќ и Швајнштајгер ќе уживаат во пентхаус од 230 квадратни метри во Чикаго, кој се наоѓа во хотелот „Валдорф Асторија“.

Како што пренесуваат светските медиуми, изнајмувањето на овој апартман чини 30.000 евра, а доколку би се купил би чинел скоро 10 милиони евра. Наводно, услов на Ана било овој пентхаус да има балкон, што и е исполнето, додека станот е опремен со најнова и најскапа техника.

Апартманот е сочинет од дневна соба, трпезарија, додека бањата е уредена со најмодерни стандарди, со две туш кабини, а во станот има уште четири купатила.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...