Американски сенатор: Трамп во мај ги повлекува САД од договорот со Иран

768

Републиканскиот сенатор Боб Коркер претседавач со Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат, изјави дека очекува претседателот Трамп во мај да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран.

– Иранскиот договор ќе биде уште една тема која стигнува во мај, и засега не делува дека ќе биде продолжен. Мислам дека претседателот веројатно ќе се повлече од тој договор доколку моите, нашите европски колеги не со договорат со нас за рамките на документот. Мене не ми чини дека такво нешто ќе се случи – изјави Коркер во интервју за Си-Би-Ес.

На 12 јануари Трамп до европските потписници упати ултиматум дека мора да се договорат за „исправање ужасни пропусти за нуклеарниот договор со Иран“, потпишан во време на Барак Обама, или во спротивно Белата куќа на 12 мај ќе обнови санкции спрема Иран со што ќе се повлече од договорот со Техеран.

Фото: EPA/MICHAEL REYNOLD

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...