Во холот на Основното јавно обвинителство во Скопје, 54-годишен државјанин на САД, физички нападнал полицаец.
На нападот му претходела вербална расправија, информираа од полицијата.
Настанот се случил вчера попладне околу 15 часот, а два часа подоцна Американецот бил приведен и задржан во полициската станица во Центар.