Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Даниел Алвеш им се извини на оние кои се почувствувале погодени од неговите зборови за смртта на Давиде Астори.
– Јас сочувствувам со неговото семејство. Мислам дека Давиде го направи она што требаше во овој хаотичен свет и дека сега е на подобро место. Но, секој ден, илјадници деца умираат од глад, кои не го добиваат истото внимание, но се исто толку важни – изјави Бразилецот пред мечот со Реал Мадрид во ЛШ.
Ова доведе до бран лути коментари од страна на Марио Балотели, кој коментираше дека вакви работи не можат да се кажат кога станува збор за нечија смрт.
„Не сакав да навредам никого. Ние живееме во свет каде често мора да бидеш лицемерен, за да бидеш ценет од луѓето. Сепак, ако некој е засегнат, тогаш се извинува“, напиша Алвеш на Твитер.