Фернандо Алонсо е воодушевен од новото партнерство на неговиот тим Мекларен со францускиот производител на моторни возила, Рено. Според двократниот светски шампион, Британците веќе не се „просечен тим“ и почнуваат да кројат планови како побрзо да го земат местото на Ред Бул.
Алонсо дури успеа да финишира меѓу пилотите на австрискиот тим Даниел Рикардо и Макс Верстапен при отворањето на сезоната 2018 во Гран При на Австралија, но резултатот поскоро се должеше на проблемите на Верстапен отколку на реалната брзина на патеката на тимот од Вокинг.
– Се ќе станува подобро за Мекларен. Во следните неколку трки ќе видите голем напредок бидејќи во болидот има уште многу потенцијал за развој. Уште во првиот старт од нашето партнерство со Рено се виде дека тоа ќе биде успешно. Се уште имаме на што да работиме за да постигнеме целосна интеграција меѓу двете компании – прокоментира Алонсо.
Двократниот шампион на Формула 1 додаде дека целта пред Мекларен е да го стигнат и да го победуваат Ред Бул на патеката.
– Се уште не сме на нивното ниво, тие во моментов се поблиску до Мерцедес и Ферари, отколку што ние сме до нив. Еднаш штом влеземе во иста група заедно со лидерите, сè ќе се промени. Имаме многу работа и знаеме што се бара од нас за да го постигнеме тоа – заврши Шпанецот.
Во финалето минатата сезона, Реал ги победи „бјанконерите“ со 4:1 по многу силно второ полувреме.
– Овој пат се ќе биде различно. Може и повторно да го освоиме трофејот, но тоа нема да значи ништо. Во двата клуба секогаш треба да победуваш. Во овој поглед, Јуве и Реал се многу слични – заврши Французинот.
Фото: EPA/DIEGO AZUBEL