Претставникот на Канцеларијата на високиот комесар за национални прашања на ОБСЕ Алесандро Рота ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) каде се сретна со заменик-директорот Џелал Хоџиќ.
Двајцата разговарале за правата на заедниците под 20 проценти во областа на образованието на мајчин јазик, правичната застапеност во администрацијата, културата, употребата на јазиците и симболите, за медиумите на јазиците на заедниците и соработката со невладините организации.
Заменик-директорот Хоџиќ, како што стои во денешното соопштение, ги презентирал активностите што Агенцијата ги презема за остварување на правата на заедниците, а информирал и за следните активности планирани за годинава кои се спроведуваат во координација со канцелариите на ОБСЕ и ЕУ.
Рота бил запознаен и со напорите на Агенцијата да ги зајакне своите капацитети со цел да има уште поголем придонес во остварувањето на правата на заедниците.
Рота искажал задоволство за одличната соработка меѓу Агенцијата и ОБСЕ.