„Алексеј“ попушта во Охридско, најпогодени плажите од Канео до центарот

775

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека по невремето, состојбата во охридско-струшкиот регион е нормализирана. И покрај прелевањето на акумулацијата Глобочица, по течението на Црн Дрим нема опасности за причинување штета на патот Струга-Дебар.

До овој момент нема пријави за причинета штета: поплави, пад на дрвја,.., а испуштањето на водите од Охридско езеро преку Црн Дрим е во постојана координација со ЕЛЕМ.

– Надлежните субјекти целосно ја следеа состојбата, согласно насоките кои претходно беа договорени и по престанување на невремето пристапено е кон санирање на последиците и причинетата штета.  Најпогодена беше крајбежната линија на потегот од населба Канео до централното градско подрачје во Охрид, а во Струга делот од машка и женска плажа, соопшти ЦУК.

Нивото на Сатеска и Коселска е во благ пораст во однос на претходните денови, но нема опасност од прелевање.

Во однос на функционирање на останатата инфраструктура (колектор, водоснабдување, електроснабдување), не се забележани прекини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...