Aктивистка на Фемен: Берлускони ти истече рокот!

801

Активистка на феминистичката група Фемен денеска упадна на гласачкото место во градот Милано, во време кога таму гласаше поранешниот премиер Силвио Берлускони (81).

Жената, на чии гради беше напишано „Берлускони ти истече рокот”, скокна на масата додека Берлускони гласаше, по што тој веднаш, во придружба на обезбедувањето, ја напушти просторијата.

Феминистички активистки го прекинаа Берлускони и за време на гласањето и на изборите во 2013 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...