Актерката Тори Спелинг и нејзиниот сопруг Дин Мекдермот предизвикаа нов инцидент, овојпат при вечера во ресторан во Лос Анџелес.
Полицијата морала да интервенира да ги отстрани 44 годишната актерка, сопругот и нивните пет деца по жестока караница во ресторанот.
Тори, ќерка на продуцентот Арон Спелинг и позната по нејзината улога во серијата Беверли Хилс 90210, беше вмешана во инцидент во нејзиниот дом минатата недела.