Ако секој ден носите иста облека, ќе бидете поуспешни

Просечен човек носи 35.000 одлуки секој ден. Што да се јаде за појадок? Која кошула треба да се облече? По кој пат да се тргне? Каде на ручек?...

1158

Сите деловни луѓе сакаат да бидат попродуктивни, а еден од начините за подобри резултати е да ги поедностават процесите на носење одлуки.

Истражувачите утврдиле дека бројот на поволни судски одлуки драстично се намалува како што одминува работниот ден, а дека се зголемува по кратка пауза во текот на заседавањето. Една од причините е ефектот на замор.

Просечен човек носи 35.000 одлуки секој ден. Што да се јаде за појадок? Која кошула треба да се облече? По кој пат да се тргне? Каде на ручек?…

Едноставен начин да се зачува моќта на мозокот е да се намали бројот на одлуки што треба да се донесат. Некои од најуспешните луѓе во светот веќе го сфатиле тоа. Тие едноставно носат иста облека секој ден.

Во документарна серија на НВО, Доктор Дре (HBO Doctor Dre) секојдневно ги носи истите чевли. Барак Обама носи само сиви или сини костуми. Марк Цукерберг постојано ја носи својата позната сива маица. Стив Џобс стана познат по фармерките и патиките.

Новинарот Крег Блум изјави дека веќе десет години носи иста облека.

– Имам 15 чифта ист модел на фармерки, шест исти јакни, 10 исти обични маици и 15 исти маици со јака. Не се шегувам. Само ги менувам боите – истакна Блум.

Тој откри зошто се облекува исто речиси секој ден.

– Мразам да губам време. Вака се облекувам брзо и лесно, наместо да размислувам пет или десет минути. Само ја земам облеката и почнувам со поважни работи на мојата листа на обврски. Со купување на истите работи, исто така заштедувам време. Знаете што барате и можете да одите директно во вашата омилена продавница. А, можете и едноставно да нарачате онлајн – објаснува Блум.

Тој го следи примерот на Барак Обама.

– Треба да ја фокусирате својата енергија на донесување одлуки. Треба тоа да го правите рутински. Вие не можете успешно да поминете низ еден ден кој е полн со тривијалност од самиот почеток. Ова е еден чекор поблиску до избегнување такви глупости. Не треба да размислувате што да носите наутро. Сите овие одлуки може директно да се насочат во развојот на бизнисот – додава Блум, нагласувајќи дека треба секогаш да се чувствувате комотно во тоа што го носите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...