Претседателот на ДУИ Али Ахмети, во интервју за Алсат, вели дека му испратил порака на Иванов, веднаш после второто гласање.
– На господинот Иванов му испратив порака да го потпише овој закон уште после второто гласање. Тој не можеше да се надмине себеси за да биде легитимен претседател на сите граѓани во оваа земја. Со изгласувањето на третото гласање во македонскиот парламент, господинот Иванов има уставна обврска да го потпише законот, бидејќи во спротивно тој ги крши Уставот и законите на оваа земја. Сметаме дека тој сега држи политичка страна и антиалбански став. Законот ќе стапи на сила, потпишан или непотпишан од Иванов – рече Ахмети.