Ова не беше средба за договарање, ова беше средба за честитање, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по првата официјална средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која се оддржа во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
– Му го честитав изборот на Мицкоски и на конструктивен начин разменивме мислења – рече Ахмети и додаде дека комуникацијата треба да продолжи и во иднина за напредокот на државата.
Ахмети рече дека со Мицкоски не преговарале за Законот за јазиците. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ била заинтересирана да ги поддржи реформите. Со опозицискиот лидер се договориле да продолжат со комуникација и во иднина за напредок на државата.
– Разменивме мислења на многу конструктивен начин и за неопходните реформи кои мора да ги завршиме во земјава. Разговаравме и за политичките процеси во земјата. Интересот на двете партии е за нашата држава да биде што е можно постабилна – изјави Ахмети.
Тој не прецизира дали од разговорите видел промена во реториката на ВМРО-ДПМНЕ по смената на раководството.
Лидерот на ДУИ изјави дека во интерес на двете партии е стабилност на земјата и напредок во имплементирање на реформите.