Ахмети: Неприфатливо е Славомакедонија

759

За Демократската унија за интеграции неприфатливо е името „Славомакедонија“, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас во Собранието на Република Македонија.

– Не сум дел од преговарачкиот тим, но ние не се согласуваме решението да биде „Славомакедонија“, бидејќи сите страни треба да бидат задоволни од решението -изјави Ахмети.

Тој додаде дека  забележал добра волја за решавање на спорот кај шефот нагрчката дипломатија Коѕијас.

Оговарајќи на новинарско прашање за покренатата истрага од СЈО против него за  прекинот на пописот во 2011 година, рече дека е испратена на погрешна адреса.

– Обвинението е испратено на погрешна адреса. Јас не сум виновен, тоа е одлука на Собранието – потенцира Ахмети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...