Адвокатите го возвраќаат ударот – се спрема целосна блокада на судовите

Порталот Судство дознава дека адвокатите ги вршат последните консултации пред конечната одлука да ги блокираат правните институции поради законот кој им ги одзема ингеренциите на сметка на нотарите.

4137
20130528 Tuesday 1016 Skopje sud i digitalizacija

Три илјади адвокати, колку што речиси има во Македонија, се пред одлука да почнат правна блокада на правосудните институции во земјава, доколку Владата го одобри предлог-законот за нотаријатот, со кој им се одземаат низа ингеренции на адвокатите, а им се даваат поголеми права на нотарите, дознава порталот Судство.мк.

Иако ова е нацрт-предлог од Министерството за правда, во текстот на измените кои се однесуваат на Законот за нотаријатот, се предвидува адвокатите да се исклучат од сите постапки пред нотарот.

Овој предлог толку многу ја растревожи адвокатската фела, што адвокатите денес во 14.30 во МКЦ во Скопје закажаа итен состанок, на кој ќе се дефинираат нивните идни постапки, доколку Владата ги одобри измените на законот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...