Рочиштето за предметот „Шпион“ на Специјалното јавно обвинителство денеска е одложено за 19 април, поради оправдано отсуство на Туше Гошев, еден од адвокатите на обвинетите.
Минатото рочиште исто така беше одложено поради отсуство на докази од предметот, кои биле на разгледување во друг суд, на еден од обвинетите и двајца адвокати.
Инаку, предметот „Шпион“ сега го застапува Специјалното јавно обвинителство, откако го презеде од редовното обвинителство.
Апелацискиот суд лани ги ублажи казните на обвинетите и ја преиначи првостепената одлука на Кривичниот суд.
Во случајот „Шпион“ кој е од 2013 година, осудени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје.
Овој предмет со новиот распоред му е доделен на судијата Владимир Туфеѓиќ.