Абориџин првпат ќе ја претставува Австралија на ЗОИ 2018

115

Зимските олимиски игри започнуваат утре и ќе траат до 25 февруари.

Натпреварувачот во уметничко лизгање Харли Виндзор е првиот Абориџин, кој ќе ја претставува Австралија на едни Зимски олимписки игри.

Виндзор ќе учествува во Пјонгчанг заедно со Русинката Екатерина Александровскаја, која од минатата година ја претставува Австралија.

– Ми претставува огромно задоволство што успеав да го направам тоа, дури и малку сум шокиран – изјави Виндзор пред новинарите во Пјонгчанг.

За Австралија на Летните игри се натпреварувале над 50 Абориџини, но ниту еден досега не ја претставувал земјата на Зимските игри иако учествува од 1936 година во Гармиш-Партенкирхен.

– Се надевам дека ќе успеам да охрабрам многу повеќе Абориџини да се занимаваат со зимските спортови – рече Виндзор.

Зимските олимиски игри започнуваат утре и ќе траат до 25 февруари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...