Aко не одат на едукација, нема ниту бонуси за членовите на ДИК за изборите, ни пари за членовите на ОИК и ИО

Претседателите, замениците претседатели и членовите на општинските изборни комисии и избирачките одбори ќе земат различни надоместоци, а тоа ќе зависи од бројот на избирачките одбори односно гласачи на територијата што ја покриваат. Надомест нема да земат оние членови на ОИК и на ИО кои нема да присуствуваат на едукациите.

600

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги повикаа околу 35.000 членови на изборните органи да присуствуваат на претстојната едукација за организирање и спроведување на предвремените парламентарни, која е задолжителна и ќе започне на 25 февруари за што ќе бидат ангажирани 84 обучувачи. ДИК на седницата го усвои правилникот за надомест за сите ангажирани на изборите и притоа, како што истакна претседателот на Комисијата, тој и останатите членови нема да земат бонуси.

Претседателите, замениците претседатели и членовите на општинските изборни комисии и избирачките одбори ќе земат различни надоместоци, а тоа ќе зависи од бројот на избирачките одбори односно гласачи на територијата што ја покриваат. Надомест нема да земат оние членови на ОИК и на ИО кои нема да присуствуваат на едукациите.

ДИК располага со 540 милиони денари за организирање на изборите, но претседателот Дерковски, како што рече, гарантира дека нема да се потрошат овие средства.

На денешната седница членовите на комисијата денеска го усвоија Прирачникот за едукација на ОИК, ИО и ИО во ДКП, како и Планот за едукација.

Елизабета Постолоска ги повика членовите на ОИК и на ДИК внимателно да го прочитаат и да го научат прирачникот, во што се инкорпорирани и новите измени на Изборниот законик за да бидат подготвени за изборниот ден.

Членот на ДИК Борис Кондарко укажа дека се работи на професионализација на изборните органи и оти членовите на ОИК и на ИО мора да ги знаат своите обврски и права.

-Апелираме и до членовите на избирачките одбори од администрацијата и до оние што се предложени од политичките партии задолжително да присуствуваат на обуките, рече Кондарко, додавајќи дека административците треба да бидат ослободени од работа и да нема изговори за неприсуство.

Дерковски го појасни планот за едукација. Околу 35.000 членови на ОИК и ИО ќе ги обучуваат 84 едукатори и десет луѓе предложени од Здружението на лицата со попреченост. Ќе бидат формирани 38 тима, а групите за обука ќе имаат најмногу 30 лица.

-Ќе инсистираме на нивно присуство, доколку неоправдано не присуствуваат ќе преземеме санкции, рече претседателот на ДИК.

На денешната седница ДИК усвои повеќе обрасци кои треба да ги користат учесниците на изборите и изборните органи. Нов е образецот за собирање потписи на нотар за предлагање кандидати, што се предвидува со измените на Изборниот законик.

Кондарко укажа дека сите учесници на изборите треба навреме да се информираат и да ги запазат роковите за изборите бидејќи нема да има можност надвор од нив да се интервенира. Обрасците што ги донесе ДИК денеска се официјални акти, а треба да се почитува и роковникот, што е основата на изборниот процес.

ДИК се соочува со кадровски проблеми, поради тоа што на 25 лица на 31 декември им истекол договорот за вработување на определно време и поради тоа но и поради зголемен обем на работа ќе ангажира дополнителни лица за стручната служба. Месечниот надомест за ангажираните лица, според денеска усвоениот правилник ќе биде 25.000 денари.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...