Aдвокатите на Мијалков тврдат дека не е поврзан со сомнителните 11 милиони евра

Адвокатите на поранешниот директор на УБК тврдат дека не се повикани да се произнесат за притворот побаран од СЈО.

776

Адвокатскиот тим на Сашо Мијалков за изречениот притвор смета дека е политичко, а не правно решение. Во реакција доставена до Телма, одбраната на Мијалков тврди дека никој од адвокатите не бил повикан да се произнесе за притворот побаран од СЈО.

Одбраната ги отфрла тврдењата на СЈО дека Мијалков имал врска со наводните 11 милиони евра, кои СЈО ги спомнува и наведува во барањето за притвор.

Поранешниот директор на УБК беше уапсен пред три дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...