Најмалку тројца луѓе загинаа, а 30 се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи на автопатот кај Лесковац во 1 часот и 40 минути по полноќ, јави РТС. Откако возачот не успеал да воспостави контрола на лизгавиот автопат, автобусот кој патувал од Скопје кон Белград се превртел. Како што јави РТС, станува збор за прилепски автобус, кој патувал кон Виена.
Екипите на Итна медицинска помош од Лесковац и Ниш пристигнале на местото на несреќата. Повредените патници првично се пренесени во болниците во овие два града, а сите повредени, од кои некои потешко, засега се надвор од животна опасност.
ФОТО Блиц