Модриќ „Спортист на Балканот“ во изборот на новинските агенции

94

Носителот на „Златната топка“ и најдобар светски фудбалер во изборот на ФИФА, Лука Модриќ, е прогласен за „Спортист на Балканот“ за 2018 година во анкетата на Бугарската новинска агенција (БТА).

Во гласањето во кое учествуваше и Македонската информативна агенција (МИА), Хрватот доби 75 поени, два повеќе од Новак Ѓоковиќ (тенис, Србија) и десет од Симона Халеп (тенис, Романија).

Од македонските спортисти, пет бода доби фудбалерот Езџан Алиоски (17.место), а три ракометарот Кирил Лазаров (21.место)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...