Нови возила за Итна помош, прием на 40 лица во Здравствен дом Скопје

Системот е компромитиран заради повеќе фактори, прво заради опремата, понатаму заради кадарот, но и заради организацијата - оцени Филипче

172
20150730 Thursday 1017 brza pomos itna pomos bolnica doktori doktor klinika

Огромен број доктори и медицински сестри изминатиот период ја напуштија службата за Итна медицинска помош, а има и сериозно намален број возила. Ги преземаме сите чекори за да го зајакнеме системот, гледано од сите аспекти. Заврши набавката, потпишани се договорите и ги очекуваме новите возила на Итната медицинска помош од кои најголемиот број ќе бидат за Здравствениот дом Скопје.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека системот е компромитиран заради повеќе фактори, прво заради опремата, понатаму заради кадарот, но и заради организацијата.

Посочи дека се распишуваат конкурси за прием на кадар во Здравствен дом Скопје, сега за 40 здравствени работници и дополнително 40 доктори, поради тоа што тие најмногу недостигаат.

– Работиме на сите нивоа од сите аспекти, рече Филипче – одговарајќи по прес-конференцијата во Владата.

Тој додаде дека целта е докторите и сестрите да даваат Итна медицинска помош на начин тоа да го направат целосно, а истовремено ќе имаат комуникација со здравствените установи на повисоко ниво за евентуална консултација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...