Ѓорчев до Заев: Кога ќе го сопрете ужасното трошење народни пари?

442

Пратеникот Влатко Ѓорчев го праша премиерот Зоран Заев кога ќе стави ред во јавните финансии и дали ќе го сопре, како што рече, ужасното трошење народни пари, но и за политички пазарења.

– Ова е скандалозно и срам. Вашиот генерален секретар Александар Кирацовски е потпишан на законот со кој во сите јавни претпријатија ќе има заменици директори. Ги вдомивте децата на функционерите и на шарените. Јадењето живи луѓе го покажавте со бркањето на Цветан Трипуновски од Министерството за земјоделство само затоа што надвор од работно време држел прес конференции. Дали конкурсите се наместени за членови на СДСМ и дали општинските организации на СДСМ одлучуваат кој каде ќе биде вработен – праша пратеникот Ѓорчев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...