Трајанов: Без држава ќе нѐ снема и како народ

1269

Стабилноста, имплементацијата на европските вредности и разрешувањето на отворените прашања со соседите, се гаранција за деблокирање на евроатланските процеси, за отварање на вратите за влез во НАТО и ЕУ, рече денеска лидерот на Демократскиот сојуз (ДС) Павле Трајанов во обраќањето по повод 18 години од формирањето на партијата.

Трајанов пред присутните симпатизери и гости од политичките партии и медиумите, порача дека национализмот и идеите за големи држави на Балканот секогаш завршувале со крвав расплет. Треба, нагласи, да направиме се, за да се избегнат внатрешните конфликти и немири.

Тој истакна дека сите сме одговорни за иднината на државата, треба да ја чуваме, оти без држава ќе не снема и како народ.

Претседателот на ДС уште еднаш го повтори партискиот став дека треба да се направат промени во изборните законски решенија, а Македонија да биде една изборна единица.

– Пред 18 години, неколкумина одлучивме да го формираме Демократскиот сојуз, да им понудиме избор на граѓаните. Понудивме програма и концепт за реформи каде во центарот на вниманието е човекот, неговите права и слободи. Ништо не премолчавме, предлагавме идеи и визии за подобра и економски силна Македонија и бевме и сме сигурни дека Македонија ќе успее, истакна Трајанов.

Според него, во Демократскиот сојуз досега се вклучиле над 35.000 граѓани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...