По писмото на Бејли за злоупотреба на неговото име во судството, Заев побарал средба со него

677

Кое е вашето мислење откако медиумите објавија дека амбасадорот на САД Џес Бејли испратил писмо до разочараност во врска со тоа дека се злоупотребува неговото име во врска со носењето на судски пресуди и одлуки за притвор? Дали и вие сте разочаран и дали вие како премиер на влада која има претставник во Судскиот совет, а тоа е министерката за правда, ќе покренете иницијатива да се отвори ова прашање во советот?

Ова се првите прашања кои премиерот Зоран Заев ги доби на денешната собраниска седница за пратенички прашања до Владата од пратеникот Антонио Милошоски.

Заев рече дека и тој за писмото дознал од медиумите и оти прва работа што направил е што побарал средба со амбасадорот. Меѓутоа, Џес Бејли не е во Македонија, отпатувал поради празниците, тука е заменик-амбасадорот, па премиерот побарал од неговиот советник за надворешна политика да се сретне со заменикот.

– Самиот чин на испраќање на писмото треба да нѐ загрижи сите. Повеќе ја сфатив пораката до правосудствто и до извршната власт да не се злоупотребува амбасадата оти е многу често злоупотребувана. Никој да не се вади дека некој тоа од некоја амбасада имал некоја намера или слично – рече Заев посочувајќи го примерот со преговорите во Пржино кога се зборувало дека некој друг одлучувал и диктирал.

– Ние ги носевме одлуките, не некој друг – рече премиерот.

Дополнители појаснувања и детали Заев очекува по средбата на неговиот советник и заменик-амбасадорот за да може да даде конкретни одговори. Ако треба, повтори тој, кога Бејли ќе се врати во Македонија ќе се сретне со него.

Што се однесува до отворање на прашањето во Судскиот совет, Заев најави дека тоа ќе го покренат за ако имало злоупотреба на името на амбасадорот, истата да се посочи и да се понесе одговорност.

– Министерката ќе добие инструкции да се отвори прашањето на Судскиот совет – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...