Галуп Интернешнл: Мнозинството од Македонците оптимисти за 2019, Босанците најголеми песимисти

На Балканот, во Албанија 71 отсто од населението се оптимисти за 2019 година (нето резултат + 61), Косово (+ 37), Турција (+ 18), Бугарија (- 8), Србија (- 2), Босна и Херцеговина (-19)…

154
ФОТО: Лого / http://www.gallup-international.com/
Кон крајот на 2018 година, 48 отсто од државјаните на Македонија очекуваат 2019 година да е подобра од тековната, 18 отсто да е полоша, додека 30 проценти од анкетираните Македонци веруваат дека ќе биде иста, покажуваат податоците од глобалното истражување на „Галуп интернешнл“, спроведено во 51 земја, а кое е дел од годишниот истражувачки проект на организацијата, наречен „На крајот од годината”.

Нето вредноста на оптимизмот во Македонија, односно бројот на оптимистите за 2019 минус бројот на песимистите за 2019 година е плус 30, што ја става на средината на листата на земји кои со оптимизам гледаат кон иднината.

Најоптимистични држави во светот се Индија (со нето резултат +64), Албанија (+ 61), Мексико (+58), Ерменија (+55) и Гана (+54), додека најпесимистични се Јордан (- 48), Либан (- 42), Италија (- 40), ЈУжна Кореја (- 30) и Хонг Конг (- 25).

На Балканот, во Албанија 71 отсто од населението се оптимисти за 2019 година (нето резултат + 61), Косово (+ 37), Турција (+ 18), Бугарија (- 8), Србија (- 2), Босна и Херцеговина (-19)…

Што се однесува на глобалниот мир, најголеми оптимисти се Индијците, со нето резултат + 55, а најпесимисти Французите со – 64. Вкупно 43 отсто од анкетираните Македонци се оптимисти кога е глобалниот мир во прашање, песимисти се 27 отсто, додека 25 проценти веруваат дека во 2019 година ситуацијата со глобалниот мир ќе остане иста. Со тоа, според овој показател Македонија има нето резултат + 16.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...