Над 50 свештеници и монаси на СПЦ ќе бидат протерани од Црна Гора

395

Над 50 свештеници, монаси и монахињи и членови на свештенички семејства од редовите на Српската православна црква (СПЦ) остануваат без дозвола за престој во Црна Гора, при што на околу 30 веќе им е даден рок од еден месец да ја напуштат државата, додека за останатите се очекува истото, изјави протојереј-ставрофор Велибор Џомиќ.

– Налогот на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, со кој се откажува гостопримството на повеќе од 30 нерезидентни свештеници и монаси кои служат во една од четирите епархии на Српската православна црква во државата Црна Гора, претставува продолжение на незаконски дејства со кои се продолжува прогонот на свештенството и монасите – изјави Џомиќ за „Политика “.

Тој оцени дека таквата одлука на црногорското МВР не е правна, туку политичка, дополнувајќи дека сите поднесени жалби се одбиени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...