Казнети 27 возачи за брзо возење, девет биле пијани

45

Дваесет и седум возачи се казнети бидејќи возеле со поголема брзина од дозволената, а девет возеле под дејство на алкохол во изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје.

Според билтенот на МВР, во текот на изминатото деноноќие се случиле вкупно 11 сообраќајки од кои во три полесно се повредени четири лица, а во осум е причинета материјална штета.

Од сообраќај се исклучени три нерегистрирани возила, а сообраќајната полиција издала казни за 50 возила кои биле непрописно паркирани. Со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 54 возила.

Санкционирани се и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престигнување и двајца возачи кои немале зимска опрема во возилата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...