Советниците на општината Лебане во Србија усвоиле програма за работа на Туристичката организација Лебане во која меѓу останатото е предвидено да бидат купени две камили.
Општината Лебане е една од најсиромашните во Србија, нема Зоолошка градина. Од Општината нема одговор зошто им се камилите.
За „Бета“ еден од советниците неофицијално рекол дека камилите ќе служат за развој на туризмот во археолошкиот локалитет Јустинијана Прима.
Идејата е туристите во обиколка на локалитетот да одат со камили.