Џафери: Смешно е и јас би се смеел да сум на ваше место оти некои во салава ништо не разбираат

2848

Да смешно е и јас би се смеел да сум на твое место оти некои во салава ништо не разбираат, рече претседателот на собранието Талат Џафери на насмевките на опозициските пратеници, откако тој два пати побара службите  да ги пребројат присутните  пратеници за Собранието да може да гласа за разрешување на министрите без ресор Аднан Ќахил и Аксел Ахмедовски.

Претходно опозициските пратеници од ВМРо-ДПМНЕ се изјаснија дека ќе гласаат за разрешување на министрите, но од премиерот Зоран Заев побараа потемелна реконструкција на Владата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...