Ученичка од Србија: Се запознавме на Фејсбук, имаше 41 година, се вљубивме, а сега се плашам од него

1216

Петнаесетгодишничка стравува од 41-годишниот педофил, со кој имала љубовна врска, пренесува „Курир.рс“.

Тој е осуден на година и пол затворска казна, но, наводно и се заканил на девојката дека штом излезе на слобода „ќе ги масакрира нејзините родители“.

– Се плашам за мама и тато. Ми рече дека ќе ги унакази кога ќе излезе од затвор. Се запознавме преку Фејсбук. Не ми сметаше што беше постар од мене. Се заљубив во него. Ми рече дека сака да имаме бебе – рекла жртвата.

Педофилот бил уапсен во почетокот на октомври во 2017 година, откако во полициската станица во Врање биле однесени фотографии како тој и малолетничката се бакнуваат пред влезот на училиштето „Радоје Домановиќ“.

На судењето, кое било затворено за јавноста, тој се бранел дека е вљубен во седмооделенката и дека љубовта му е возвратена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...