Демократски сојуз: Апсурдно е пратениците да се заштитат со посебен закон за привилегии

81
Демократскиот сојуз смета дека е спротивно на уставното начело на еднаквост на граѓаните, да се донесе посебен закон за пратениците со кој ќе им се овозможат посебни услови за пензионирање, приоритет при вработување и друг вид на погодности.
„Во 2005 годна Собранието на Република Македонија донесе Закон за пратеници („Службен весник на РМ” бр.84/2005), со кој беа предвидени бенефиции за пратениците, меѓу кои и услови за предвремено пензионирање, со само 25 години работен стаж и 55 години старост, а пензијата да изнесува 80% од пратеничката плата.
На иницијатива на Демократскиот сојуз, но и други предлагачи, Уставниот суд, со одлука од 12 април 2006 година („Службен весник на РМ“ бр.52/2006), ги укина одредбите од Законот за пратеници, со кои се определуваа повеќе привилегии на пратениците.
Од тука, иницијативите и барањата на пратеници од активниот пратенички состав, немаат уставна и реална основа да се стекнуваат со посебни права и привилегии во споредба со правата на останатите вработени и граѓани. Апсурдно е пратениците да се заштитат со посебен Закон за нивни привилегии“, вели ДС.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...