СЈО не го интересираат и не е вклучен со меѓупартиските преговори за измена за членот 353 од Кривичниот законик, изјавија од СЈО за ТВ 24.
-Од она што ние го знаеме, интенцијата е поблаго одмерување на казните, а не измени со коишто ќе се влијае на постапките на СЈО или застарување на предметите на СЈО коишто се однесуваат на злоупотребна на службената должност, велат од СЈО.
Дел од обвиненијата на СЈО се токму по членот 353.
ТВ 24 повикувајќи се на извори од Собранието, вчера објави дека владејачкото мнозинство ќе бара измена на ставот во членот 353 од Кривичниот законик со кој се предвидува одговорност за сите службени лица кои со злоупотребата на службената положба оствариле „некаква корист“.