Играчот од средниот ред на Интер, Раџа Наинголан сака да го напушти тимот и да се врати во Рома.
Ова го соопштил белгискиот фудбалер на свој пријател, објавија италијанските медиуми.
– Сакам да се вратам во Рома. Јас направив се за доброто на Интер и не добив ништо за возврат. Тие прават сé за да го напуштам тимот. Сега нема да играм за Интер. Можеби Тоти со кого имам пријателски однос, ќе ми помогне да се вратам во Рома – изјавил Наинголан.
Интер пред неколку дена го суспендира Наинголан поради доцнење на тренинг, по што тој нема да биде во составот на вечерашниот натпревар со Наполи.
ФОТО: EPA / Elisabetta Baracchi