Завршни зборови за 27 април после Божиќ

329

Денешното рочиште за случајот за 27 април за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста е последно за 2018 година и на него адвокатите изведуваат дополнителни докази на дел од обвинети. За Митко Чавков и Душко Лазаров се изведуваа материјални докази од МВР, за актерот Владо Јовановски се извезуваше доказ  записник за сообраќаен прекршок и мандатен платен налог од 27 април лани… Дополнителни докази на денешното рочиште ќе имаат и Мунир Пепиќ и Игор Југ.

Денеска, според планот треба да се заврши со изведување на сите дополнителни докази и од следното рочиште да се започне со завршни зборови. Наредното е закажано за после празниците, на 9 јануари 2019. Сепак, не се исклучува можноста завршните зборови да се пролонгираат за неколку дена ако обвинителството побара повеќе време за да се подготви и да направи допрецизирање на обвинението, посебно ако се има предвид дека на сила е Законот за амнестија.

Вчера заврши рокот за поднесување барање за амнестија. Последната бројка на стигнати барања за овој и за сите други предмети за 27 април е 64. Денеска би можело да стигне уште некое ако некој го испратил барањето вчера по пошта. Од Кривичен сите барања ќе ги достават до обвинителството на мислење, а откако ќе добијат одговор оттаму судот ќе има рок од 5 дена да донесе решение кој ќе биде амнестиран, а кој не.

Очекувањата се дека одлуките за амнестија ќе се знаат пред завршните зборови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...