Поранешниот ресторан „Кај Злате“ оди во рацете на Црвениот крст

2702

Советот на Општина Центар одлучи објектот на поранешниот ресторан „Кај Злате“, кој се наоѓа во населбата Пролет, а е во сопственост на Општина Центар, да го даде на користење на Црвениот крст на Град Скопје. Со ова, општината и Црвениот крст покренуваат заедничка акција за ангажирање и помош на лицата со посебни потреби, со што ќе се овозможи полесен пристап до услугите и придобивките од работата на организацијата на територија на општината.

Советот на Општина Центар на вчерашната седница го усвои и буџетот за 2019-та година, како и годишниот план за вработување и програмата за работа на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ЈП ПОЦ).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...