ОБНОВЕНО Изживување во струмичкиот затвор: Ајде, чисти началниче! (ВИДЕО)

Во редакцијата на Плусинфо се јави директорот на затворот кој рече дека на Тодоровски му се обраќал осуденик а не службено лице и дека на тој осуденик му е одземен мобилниот телефон кој бил нелегално внесен во ќелијата.

1692

Сега јас сум началник, тука. Не, не Рајка, остај метлата. Не си ти на ред, остај метлата. Земи началниче, ајде чисти. А бе чисти, ајде, чисти таму Ване! Ќе чистиш и ќе пееш, јас сум сега началник!

Со овие зборови му се обраќа осуденик на поранешниот началник на полициската станица во Кочани, Ванчо Тодоровски, кој отслужува казна во затворот во Струмица. Оваа видео снимка кружи на социјалните мрежи, а е снимена во ќелијата во која казната ја издржува Тодоровски.

Во редакцијата на Плусинфо се јави директорот на затворот Борче Цветков кој рече дека на Тодоровски му се обраќал осуденик а не службено лице и дека на тој осуденик му е одземен мобилниот телефон кој бил нелегално внесен во ќелијата. Против ова лице е покрената дисциплинска постапка.

– Ако слушаш утре нема да чистиш – му одговара осуденикот на Тодоровски кој прашува дали и утре ќе треба пак да чисти.

Тодоровски е осуден во предметот „Детонатор“ за злоупотреба на службена положба и овластување и за изнуда. Тој принудил печалбар од Италија да му исплаќа по 100 и 200 евра за да му прости сообраќајни прекршоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...