Најдобриот светски тенисер, Роџер Федерер го има најдобриот старт во една календарска година. Тој во 2018 година има 17 последователни победи со што за една победа го надмина рекордот од 2006 година.
37-годишниот Швајцарец по синоќешната победа над Хрватот Борна Чориќ беше искрен и изјави дека требаше да загуби, но среќно се спаси од пораз.
-Два пати во третиот сет бев во Брејк заостанување, и во вториот сет имав таква ситуација. Требаше да изгубам. Ова ми беше најтешкиот меч, потежок и од финалето на Австралија опен. Сепак искуство беше пресудно на крај д атриумфирам – рече Швајцарецот.
Федерер вечер од 19 часот го игра финалето на Индијан Велс. Противник му е Хуан Мартин дел Потро од Аргентина.
Фото: EPA/MIKE NELSON