Собранието ќе ги разрешува министрите Ахмедовски и Ќахил и ќе избира нови

141

 Собранието на Република Македонија за денеска ја закажа 77-седница на чиј дневен ред се предлогот на Владата за разрешување на Аксел Ахмедовски од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија и на негово место да го избере Музафер Бајрам.

Собранието, исто така на предлог на Владата, треба да го разреши Аднан Ќахил од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата на РМ, а на негово место да избере Елвин Хасан.

На дневен ред на оваа седница, меѓу другите се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, Предлог законот за прекршоците, Предлог законот за Судскиот совет на Република Македонија, Предлог законот за управни спорови, Предлог законот за извршување на санкциите, сите во прво читање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...