Законите за договорот за името и за јазиците во Службен весник без потписот на Иванов

133

До 15 јануари ќе биде завршена постапката за уставните измени. Според искуствата од дебатите во Собранието не би требало да трае повеќе од пет-шест денови.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери вчера на средба со новинарите рече дека и најавеното неприсуство на опозицијата остава можност тоа да се заврши и порано. Седницата за уставните измени кои произлегуваат од Договорот со Грција е закажана за 9 јануари.

Во однос на одбивањето на претседателот Ѓорге Иванов да ги потпише овие два закони, Џафери вели дека тој има обврска тоа да го направи, бидејќи, како што потенцира волјата на Собранието, не може да се попречи и тоа ќе се реализира. Според Џафери, законот за ратификација на договорот, заедно со оној за употребата на јазиците ќе бидат испратени во Службен весник без потписот на претседателот Иванов.

– Тоа ќе се случи кога ќе ги пратам во Службен весник. Мој потпис има. Тоа е одлука – рече претседателот на македонското Собрание.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...