Петнаесетгодишната Санјали изгорела во пожар подметнат од нејзиниот 24-годишен братучед Јогиш и негови пријатели.
Полицијата во Индија случајот го разрешила шест дена откако се случило убиството, пренесува „Курир.рс“.
Јогиш и се додворувал на Санјали и сакал да имаат сексуални односи.
– Најдовме љубовно писмо во неговата соба. Таа ги отфрлила неговите предлози бидејќи и бил братучед – соопштила полицијата.
Јогиш бил разочаран што таа го одбила, а после нејзината смрт се отрул. Тој бил осомничен речиси веднаш, кога во мобилниот телефон на жртвата биле пронајдени негови скандалозни пораки.
ФОТО: Принтскрин / Фејсбук