Премиерот Зоран Заев му предлага на Собранието на РМ да ги разреши министрите без ресор, Аксел Ахмедовски, и Аднан Ќахил од функцијата.
Заев на местото на Ахмедовски, за министер без ресор задолжен за имплементацијата на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите го предложи Музафер Бајрам.
На местото пак на Аднан Ќахил, како министер без ресор задолжен за странски инвестиции, Заев го предложи Елвин Хасан.
Музафер Бајрам е потпретседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР).
Бајрам е роден во Скопје на 22. октомври 1983 година. За работно искуство тој напишал ангажман во невладини организации, а има и осумгодишно искуство во областа на правото и формирање на законски легислативи.
Елвин Хасан е потпретседател на Партијата за движење на Турците (ТХП). Тој е роден во Штип на 10. април 1985 година, а завршил одделенска настава на Факултетот за образовни науки на штипскиот Универзитет, а докторирал во Турција.