Tајната на долговечноста лежи во исхраната. Но, што јаде и пие Нејзиното Височество Елизабета Втора?
Елизабета Втора e кралица на Обединетото Кралство во изминативе 66 години (крунисувањето се случило на 2 јуни 1953 година), a љубопитноста кај нејзините бројни симпатизери е голема, особено за тоа со што се храни и што пие Нејзиното Височество, за да ја сочува добрата форма и одличниот изглед и на 91-годишна возраст. Нејзиниот роденден е во април, кога би требала да наполни 92 години.
Родена е на 21 април 1926 година, а многумина се прашуваат во што е тајната на нејзината долговечност и енергичност. Не престанува да ги фасцинира модните следбеници со својот изглед карактеристичен по „а ла шанел“ костуми во силни бои и неверојатни шапки. Дали избалансираната исхрана е победоносната формула на Нејзиното Височество? Што кралицата Елизабета јаде за да остане во толку добра форма? Доколку и вие се прашувате истото, љубопитноста веднаш ќе ви ја задоволиме.
„Телеграф“ делумно ја откри исхраната на кралицата Елизабета Втора. Благодарение на изјавите на Дарен Мек Греди (поранешен готвач во Кралската палата), може да „фрлиме“ преглед на нејзината гастрономска рутина, од мигот кога наутро ги отвора очите, до навечер пред спиење.
Да почнеме од појадокот кој обично се служи во 9 часот наутро. Кралицата сака да појадува житарки, понекогаш збогатени со суво овошје. Житарките се специфична марка, Спешл Кеј или Корнфлекс. Но, не е така секој ден. Знае да нарача за појадок и тост со џем и 2 умерено варени јајца. За ручек и за вечера, Елизабета Втора преферира лесен оброк, како што е на пример, риба или лигњи пригитвени на скара со растителна органска храна, односно зелечнук, која доаѓа директно од нејзиниот имот.
Кралицата никогаш не се откажува од чајот сервиран во 17 часот, кој обично се посужува со англиско колаче. Во овој период од денот, не одбива парче торта, ако се работи за „Шпанското лепче“ (во Англија позната како лесна, „сунѓер“, торта со мед и со крем). Попладне, често нарачува и сендвич со лосос и краставици. Сепак, вистинската страст на кралицата се „џем пените“ (личат на мали американски палачинки, во средината наполнети со фил од домашен џем).
Нејзиното Височество не се откажува од вечерен коктел. Тоа е коктелот „Опера“, кој содржи џин, француски „дјубоне“ (аператив) и ароматично вино.
Патем, виното со силна арома е всушност и најобожувано од кралицата.
ФОТО: EPA/WILL OLIVER