Украле пари и накит од златара во Прилеп, па фатиле магла

409

Утринава во дуќан – златара во старата чаршија во Прилеп извршено е разбојништво од три засега непознати лица. Во 8.40 часот сопственичката влегла во дуќанот и зад себе ја заклучила влезната врата по што започнала да го вади накитот од сефот. Во тој момент, две лица го скршиле стаклото од излогот и вооружени со пиштоли влегле внатре, барајќи од сопственичката да им го даде накитот и парите. За тоа време трето лице било надвор пред дуќанот и вооружен ги бркал случајните минувачи. Откако ги зеле паричните средства и накитот, трите лица со бегање се упатиле кон патничко моторно возило со гостиварски регистарски ознаки и побегнале од местото на настанот, соопштија денеска од Јавното обвинителство на РМ.

Надлежен јавен обвинител заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи изврши увид на лице место.  Издадени се наредби за прибирање траги и докази од лице место, за обезбедување на видео запис од видео надзорот. Дејствијата на Основното јавно обвинителство Прилеп се одвиваат во континуитет за расчистување на кривично правниот настан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...